По вторпат на последните три средби, Милвоки Бруерс ги совладаа нивните ривали – Чикаго Кабс.
Имено, синоќа, ,,Пиварите” од Висконсин триумфираа со убедливи 7-0 над гостите од Илиноис.
На мечот, сите поени беа постигнати во првиот, во третиот и во шестиот ининг.
Единствениот хоум-ран за победничкиот состав беше дело на Тревис Шоу, а освен него, по четири бази освоија уште Џеки Бредли Џуниор, Ависаил Гарсија, Омар Нарваез, Кестон Хиура и Били МекКини.
Од фрлачите, Корбин Барнс (Милвоки) имаше неверојатни перформанси со десет страјк-аути во шест ининзи.
На табелата на Националната лига, непосредно по натпреварот, Милвоки (7-5) го освои петтото, а Кабс (5-7) – деветтото место.
📸 Jonathan Daniel/Getty Images



