Пред два дена, во заостанатиот меч од 21. коло на северноирскиот Премиершип, се соочија Гленторан и Колерејн.
Нивниот меч заврши со реми од 2-2, кое беше доволно за двете екипи да останат на второто и на третото место на табелата.
Имено, домаќините поведоа со голот на Џеј Донели (6′), а во продолжение следуваше целосен пресврт во корист на Колерејн, откако двапати стрелаше новото засилување од Балимена- Метју Шевлин (28′, 70′).
Клучниот момент на мечот се случи во 76. минута, кога Џош Карсон постигна маестрален автогол со кој го постави конечниот резултат.
📸 Twitter: Glentoran FC



