Токму на 60-годишнината од првото летање во вселената на Јуриј Гагарин, ЦСКА Москва избори пласман во финалето, каде што ќе се обиде да го одбрани Гагарин трофејот од 2019.
Имено, претставниците на Москва во полуфиналето го добија тимот на СКА Ст. Петербург со вкупни 4-2, откако денес, на шестиот меч, славеа со 0-2.
Стрелци на двата гола за победничкиот состав беа Максим Шалунов и Максим Соркин во втората третина.
Голманот на ЦСКА, Ларс Јохансон, дојде до шестиот шут-аут во тековниот плејоф, откако ги одбрани сите 29 противнички шутеви.
Во финалето, актуелните шампиони ќе ги одмерат силите со победникот од второто полуфинале помеѓу АК Барс Казањ и Авангард Омск.
📸 Twitter: @hcSKA



