вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Најуспешниот спортски клуб според Гинисовата книга на рекорди

Епов Насе ✏️ Епов Насе
април 12, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Shinty Archive

Кога ќе се слушне фразата „најуспешниот спортски клуб на сите времиња според Гинисовата книга на рекорди“, многумина ќе помислат веднаш на светските фудбалски гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, или пак на некои подзаборавени великани од калиброт на Ренџерс, на Селтик и на Розенборг.

Сепак, со ова признание се одликува еден апсолутно анонимен клуб на овие простори, Кингјуси Каманахд, кој се натпреварува во спортот шинти.

Запознавање со спортот шинти:

Имено, шинти (шкотски галски: Camanachd) е традиционален шкотски спорт игран најчесто во Шкотските Гори (англиски: Highlands), кој датира уште од 6. век и претставува еден вид на галска игра.

Истиот ги влече корените од ирскиот спорт харлинг, а станал многу популарен во 18. и во 19. век, кога се играле натпревари помеѓу соседните села во зимскиот период. Од 2003, сезоната во шинти се игра во лето за да се избегне преклопување со попопуларните спортови во Шкотска (фудбал, рагби).

Всушност, шинти се игра на терен со димензии од 160х80 јарди, на кој силите ги одмеруваат две екипи, составени од по дванаесет играчи.

Најблиски „роднини“ на овој спорт, освен ирскиот харлинг, се хокеј на трева и бенди. Имено, на шкотски галски јазик, називот за бенди гласи „camanacdh-deighe“ што во превод значи шинти на лед.

📸 Twitter: Shinty

Почетоците на шинтито во Кингјуси:

Кингјуси е мало населено место во Шкотските Гори, кое, според пописот од 2012, брои 1410 жители. Неговата историја започнува од 1800 година, откога датираат и почетоците на шинтито во селото.

Сепак, првите записи во весниците за шинти во Кингјуси се појавуваат во 1866, кога локалниот жител Клани Макферсон организирал новогодишен натпревар на сегашниот терен „Дел“, кој е сè уште актуелен дом на Кингјуси Каманахд. Името на теренот потекнува од галскиот збор „dail” што во превод значи ливада.

📸 Twitter: Kingussie Camanachd

Кингјуси Каманахд и историските достигнувања:

Актуелниот клуб Кингјуси Каманахд е основан во 1890, а првиот официјален меч го одиграл во 1893. Веќе во 1896, во Шкотска бил формиран Каманахд Куп, чиешто прво издание било освоено токму од Кингјуси. 

Во средината на минатиот век, Кингјуси имал трофеен „пост“ затоа што останал без титули цели четири децении, пред да го освои Каманахд Куп во 1961.

Веќе од 1985 започнува тоталната доминација на овој клуб. Од 1902 до 1995, во Шкотска постоеле две лиги, Саутерн Лиг и Дан Лиг, чиишто победници играле во финалето за државниот трон. Токму последните десет изданија на овој формат завршиле во корист на Кингјуси. Сепак, егемонијата на најуспешниот клуб во светот продолжила и во новиот формат, кој бил воведен во 1996. Имено, Кингјуси се натпреварувал и ја освојувал сегашната Премиер Дивижн сè до 2005.

На овој начин, клубот од истоимениот град стигнал до дваесет последователни лигашки титули, запишувајќи и една неверојатна серија од четири години, односно од 63 натпревари без пораз.

Во меѓувреме, Кингјуси стигнал и до рекордна низа од седум последователни титули во Каманахд Куп во периодот од 1997 до 2003.

Токму наведените достигнувања ѝ овозможиле на оваа релативно непозната екипа за пошироката јавност да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Во финалето во 2003, популарните „Кралеви” го совладале Форт Вилијам со 0-6, а нивниот најпознат играч, Роналд Рос, за „БиБиСи“ ја дал фамозната изјава:

„Има ли тим што може да нè победи? Па, јас мислам дека нема. Не игравме толку добро, а сепак ги уништивме“. 

Падот на „Кралевите“ и актуелната ситуација:

Токму Форт Вилијам ја освоил Премиер Дивижн во 2006 со што ја прекинал дводецениската доминација на Кингјуси. Оттогаш, па сè до денес, Кингјуси освои уште две изданија на Каманахд Куп (2006 и 2014) и уште четири лигашки титули (2007, 2008, 2009 и 2019).

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Што се однесува до титулите во купот, единствен поуспешен тим е најголемиот ривал Њутонмор, кој се наоѓа во истоименото гратче, оддалечено само пет километри. Билансот помеѓу бројот на нивните титули во купот изнесува 23-34 во корист на Њутонмор.

Со оглед на тоа дека сезоната 2020 не беше одржана, Кунгјуси е актуелен шампион на Премиер Дивижн, а како тренер го има одличниот Џон Гибсон. Најистакнати играчи од минатото се воедно и двајцата најдобри стрелци во историјата на овој спорт, односно гореспоменатиот Роналд Рос и Кевин Тејн.

📸 Twitter: Shinty
Tags: КаманахдКингјусиШинтиШкотска
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) ЦСКА е првиот овосезонски финалист во КХЛ

Следна вест

Андоновски – Верувам дека на крајот ние ќе се радуваме

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Андоновски - Верувам дека на крајот ние ќе се радуваме

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.