По шесте порази во низа, Питсбург Пиратес успеаја да сврзат две победи, откако двапати во два дена славеа над Чикаго Кабс.
Имено, синоќа, ,,Пиратите” ги добија шампионите од 2016 со убедливи 7-1.
Претставниците на Чикаго поведоа со 0-1 во вториот ининг со хоум-ранот на Хавиер Баез.
Во продолжение, Вилмер Дифо постигна хоум-ран за победничкиот состав, а по четири бази освоија Грегори Поланко, Џејкоб Сталингс, Дастин Фаулер, Кевин Њумен и Филип Еванс.
На табелата на Националната лига, непосредно по натпреварот, Кабс (4-5) беа деветти, а Пиратес (3-6) го заземаа тринаесеттото место.
📸 Joe Sargent/Getty Images



