Денес, Олдам Атлетик успеа да дојде до втората врзана победа, откако во 41. коло од англиската Лиг 2, славеше над Колчестер со 5-2.
На мечот, домаќините стекнаа навидум убедлива предност од 3-0, откако прецизно стрелаа Конор МекАлени (п. 37′), Алфи МекКалмонт (42′) и Карл Пјерџани (56′).
Токму голот за 2-0 на МекКалмонт падна од слободен удар на кој му претходеше интересна стратегија.
Во продолжение, Колчестер успеа да се врати резултатски преку Френк Нобл (64′) и Том Истмен (81′).
Сепак, накрај, конечниот резултат го постави Дејвис Кеилор-Дан (90+1′, 90+5′) со двата погодоци во судиското продолжение.
За Колчестер, ова беше десетти меч во низа без победа, доволно за 22. место на табелата, додека Олдам ја зазема 15. позиција.
📸 Clive Brunskill/Getty Images



