Најквалитетната лига во Т20 крикет е познатата ИПЛ, односно Индиската Премиер Лига.
Имено, денес, на стадионот ,,Чидамбарам” во Ченај, четиринаесеттата сезона ја отворија актуелните шампиони, Мумбај Индијанс и Ројал Челенџерс Бангалор.
Накрај, фаворизираните Индијанс со пораз го започнаа походот кон одбрана на титулата, откако Бангалор славеше со 159/9 (20) – 160/8 (20) со последната топка.
Во првиот ининг, најдобар удирач од Мумбај беше Крис Лин со 49 постигнати поени, а најблиску до него беше Сурјакумар Јадав (31).
Од фрлачите на Бангалор, фантастичен беше Харшал Пател, кој освои дури пет викети, односно имаше учинок од (5-27).
Во вториот ининг, најефикасен удирач на победничкиот состав беше А.Б. де Вилиерс (48), а исто така се истакнаа Глен Максвел (39) и капитенот Вират Коли (33).
Од фрлачите на Индијанс, по два викети освоија Џасприт Бумрах (2-26) и Марко Џансен (2-28).
📸 Twitter: Mumbai Indians