Синоќешната МЛБ програма ја отворија Њујорк Метс и Мајами Марлинс со нивниот прв овосезонски меѓусебен дуел.
Станува збор за две екипи, кои одлично се познаваат, земајќи го предвид фактот дека одиграа шест мечеви во претсезоната.
Синоќа, победата отиде во рацете на Њујорк Метс, кои славеа со 3-2 после контроверзен финиш.
Претставниците на Њујорк поведоа во петтиот ининг, откако Франциско Линдор освои четири бази.
Во шестата деветтина, Џон Берти и Кори Дикенсон на ист начин направија пресврт и му донесоа предност од 1-2 на Мајами.
Во деветтиот ининг, израмнувачки хоум-ран за Метс постигна Џеф МекНил, а после него, бази освоија Луис Гилорм, Брендон Нимо и Франциско Линдор.
Со оглед на тоа што секој од нив држеше по еден агол на дијамантот, за победа доволна беше само грешка на фрлачот на Мајами – Едвин Диаз.
Истата се случи на многу контроверзен начин, откако топката го погоди удирачот на Метс, Мајкл Конфорто, кој своеволно изнуди таков контакт.
За Метс, ова беше прва победа откако удирачот претрпел удар со топка после 2011, кога Џастин Тарнер беше ,,жртва” на противничкиот фрлач.
Непосредно по завршувањето на мечот, Метс (2-2) го држеа осмото место во Националната лига, додека Мајами (1-6) се наоѓаше на самото дно.
📸 Mike Stobe/Getty Images



