Саут Сиднеј Рабитохс, денес, во првиот меч од петтото коло на НРЛ, дојдоа до четвртата победа во низа, славејќи со 35-6 над Бризбејн Бронкос.
Имено, домаќините од Сиднеј го отворија мечот со два есеи на Бенџи Маршал (8′) и на Алекс Џонстон (16′) и со еден шут за два поени на Адам Рејнолдс за водство од 10-0.
Единствените поени на Бризбејн паднаа пет минути по вториот есеј, откако комплетно полагање постигна Џамејн Исаако (21′).
До крајот, следуваше серија од 25-0 на Рабитохс, при која беа забележани четири полагања, три конверзии, еден пенал и еден дроп-гол.
Како полагачи се истакнаа гореспоменатиот Рејнолдс (38′), кој ги погоди и трите конверзии, заедно со Латрел Митчел (51′, 75′ и дроп-гол) и со Кемпбел Греам (61′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Рабитохс го заземаат второто, а Бронкос – дванаесеттото место.
📸 Twitter: NRL



