По воведниот пораз од Ст. Луис Кардиналс (6-11), Синсинати Редс успеаја да поврзат пет победи.
Последната од нив беше остварена синоќа над Питсбург Пиратес со резултат од 11-4.
,,Пиратите” ги постигнаа сите поени во последната деветтина, со грен-слемот на Ерик Гонзалез.
Од друга страна, во претходните осум ининзи, домаќините направија четири хоум-рани, кои беа дело на Тајлер Наквин, на Ник Кастељанос, на Тајлер Стивенсон и на Аристидес Аквино.
На табелата на Националната лига, Синсинати (5-1) го дели првото место со ЛА Доџерс, додека Питсбург (1-5) ја зазема последната позиција.
📸 Kirk Irwin/Getty Images