Синоќа, Торонто Мејпл Лифс славеа со 3-2 над најлутите ривали од НХЛ, Монтреал Канадиенс и дојдоа до петтата победа во низа.
Во првата третина, после 54 секунди, Остон Метјус постигна гол за 1-0, но една минута подоцна, Монтреал израмни преку Кори Пери.
Истиот резултат брше актуелен до почетокот на третиот период, кога Ти Џеј Броуди и Зек Хајмен стрелаа за капитална предност од 3-1 за Мејпл Лифс.
До крајот, Кори, со својот втор погодок на мечот, успеа само да го намали заостатокот на својот тим.
На табелата на Северната дивизија, Торонто остана на првото, а Монтреал на четвртото место.
📸 Kevin Sousa/NHLI via Getty Images



