Синоќа, за првпат после петте врзани порази, Хјустон Рокетс успеаја да слават и тоа над ривалите од Тексас, Далас Маверикс, со резултат од 102-93.
Мечот беше изедначен во целото свое времетраење, но сепак Рокетс генерално имаа резултатска позитива.
Накрај, дабл-дабл од домашниот состав постигнаа Кристијан Вуд (22 поени и 10 скокови) и Кели Олиник (10 поени и 18 скокови), а најефикасен беше Џон Вол со 31 кош.
Кај Далас, дабл-дабл постигна Криштапс Порзингис (23 поени и 12 скокови), а најефикасен беше Лука Дончиќ со 23 кошеви.
На табелата на Западот, Хјустон (14-37) е претпоследен тим, додека Далас (28-22) го држи седмото место.
📸 Troy Fields/NBAE via Getty Images