Во првата фудбалска лига Академија Пандев на гостувањето во Скопје против Македонија Ѓорче Петров славеше со 1-2. Гостите од Струмица обезбедија убава предност од 2-0 со головите на Крстовски во првите 20-тина минути од мечот. По негативата лавовите нападнаа со сите сили да го избегнат поразот, но единствено успеаја да го ублажат со голот на Фазли во вториот дел.



