Синоќа започна новата МЛБ сезона, која беше отворена со дуелот помеѓу Њујорк Јенкис и Торонто Блу Џејс.
На него, после дополнителен десетти ининг, Торонто успеа да триумфира со 2-3, иако имаше аутсајдерска улога.
Имено, Блу Џејс го отворија мечот со 0-1 во втората деветтина, но во истиот период, Јенкис поведоа со 2-1 преку хоум-ранот на Гери Санчез.
Торонто беше надигруван во наредните ининзи, но сепак успеа да израмни на 2-2, откако Теоскар Хернандез ја префрли топката во публиката во шестата деветтина.
Херој на канадскиот состав беше нивниот шести синоќешен фрлач, Џулијан Мериведер, кој во дополнителниот ининг направи три страјк-аути.
Освен него, исклучително важни играчи беа гореспоменатиот Хернандез и Џонатан Дејвис, кои комбинираа за третиот победоносен поен.
📸 Rob Tringali/MLB Photos via Getty Images



