ЛА Клиперс синоќа ја запишаа шестата победа во низа, откако ги совладаа Милвоки Бакс со 129-105.
Во текот на првото полувреме, двете екипи пружија изедначена игра, но третата и во четвртата четвртина, Клиперс убедливо дојдоа до славјето.
Најефикасен играч на мечот беше Јанис Антетокумбо (Милвоки), кој уфрли 32 поени.
Од победничкиот состав, со 25 кошеви, најмногу се истакна Маркус Морис.
За Милвоки (29-17), ова беше трет пораз во низа, кој ги остави на третото место на Истокот, додека Клиперс (32-16) се трети во Западната конференција.
📸 Adam Pantozzi/NBAE via Getty Images



