Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ќе го одигра возвратниот натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Магдебург. Оицијалните лица на оваа средба, кои ги одреди Европската ракометна федерација се судиите Саид Боунуара и Калид Сами од Франција и делегатот, aвстриецот Герхард Рајзингер.
Во „Гетек Арена“ во Магдебург ќе тргне со предност од 32:24, резултат со кој заврши првиот натпревар во Битола минатата недела. Екипата на Еурофарм Пелистер отпатува во Германија, со лет преку Виена, без повредените Кушан, Вегар и Стјепановиќ.
Фото и извор: RK Eurofarm Pelister Official fan page of RK Eurofarm Pelsiter