Шарлот Хорнетс и Феникс Санс го одиграа првиот дуел од вечерната неделна НБА програма.
На него, Феникс славеше после продолжение со 97-101.
Во регуларниот дел од мечот, двете екипи постојано го менуваа водството и после 48 минути игра постигнаа по 90 кошеви.
Во дополнителните пет минути, Феникс беше поконкретен тим и успеа да го добие својот ривал со минимални 11-7.
Од домашниот состав, најефикасен беше Девонте Греам (30 поени), а дабл-дабл постигнаа Тери Розиер (22 поени и 10 скокови) и Мајлс Бриџес (18 поени и 12 скокови).
Освен по одличниот учинок, Бриџес ќе остане запаметен и по едно од најатрактивните забивања во сезоната.
Од друга страна, Девин Букер беше најпрецизен кај Санс со 35 поени, а Деандре Ејтон имаше дабл-дабл од 14 кошеви и од 14 скокови.
На табелата на Западот, Феникс (31-14) го држи второто место, додека Шарлот (23-22) е втор тим на Истокот.
📸 Jared C. Tilton/Getty Images



