Македонија според планот ја совлада лесно селекцијата на Лихтештајн со рутински 5:0 на полувреме беше 1:0 со голот на Барди од слободен удар. Само што започна вториот дел македонските репрезентативци со два брзи гола на Трајковски зголеми на 3:0.
Следен на листата на стрелци беше македонскиот бисер, Елиф Елмас, додека по подолга пауза без постигнат гол за репрезентација, Илија Несторовски со удар од белата точка дочека да го скрши малерот и ги постави конечните 5:0.