Ракометарите на Бутел стигнаа до втората победа во плејофот на Суперлигата откако дома минимално славеше со Струга со 22-21 (полувреме 12-10). Стружани одиграа одличен посебно во вториот дел кога примија само 10 гола, но Бутел во финишот ги освои трите бода.
Најдобар поединец на теренот беше гостинскиот играч Вукашин Ракочија со 9 гола, додека кај домаќините се истакна Душан Трифковиќ со 7 погодоци.



