Во второто коло од новата АФЛ сезона, силите ги одмерија противниците од второто минатогодишно полуфинале, односно Џилонг Кетс и Бризбејн Лионс.
Иако поминаа пет месеци оттогаш, епилогот сепак остана ист, со тоа што Џилонг славеше во трилер-меч со (12.9) 81-80 (11.14).
Имено, во текот на мечот, ,,Мачките” имаа константна двоцифрена предност, којашто во два наврати достигна и +26 поени.
Сепак, истата се стопи во четвртата четвртина, кога Бризбејн направи серија од 25-1 и поведе за првпат после почетните 0-1.
До крајот следуваше тензична игра во која Ајзак Смит ја врати предноста на страната на тимот од Мелбурн, а во продолжение следуваа фуриозните напади на Бризбејн, кои завршија со само два постигнати поени.
Најефикасен фудбалер на мечот беше играчот на Лионс, Ерик Хипвуд, кој постигна 27 поени (4.3).
Од неговите соиграчи, уште 13 поени додаде Чарли Камерон (2.1).
Што се однесува до победничкиот состав, најмногу се истакнаа Том Хокинс (3.4), Френсис Еванс (2.1) и Зек Туохи (2.1).
За Џилонг, ова беше прв овосезонски триумф, додека Бризбејн ја започна сезоната со два порази во низа.
📸 Michael Willson/AFL Photos via Getty Images



