Откако сите натпреварувања во Норвешка беа одложени поради рестрикциите, словенечката Планица се понуди да ги угости ски летовите што требаше да се одржат во Викерсунд.
Токму денес, на леталницата ,,Братов Горишек” беа одржани квалификациите за одложеното натпреварување.
На нив, до победата дојде Рјоју Кобајаши со летот од 229 метри, доволен за 249,7 поени.
На второто место се пласираше Маркус Ајзенбихлер, а домашниот скокач, Бор Павловчич, ја освои третата позиција.
Најдолгиот лет на денот го имаше Наоки Накамура (236 метри), кој накрај го подели деветтото место со Михаел Хајбок.
Патем, пласманот од четвртата до осмата позиција го зазедоа: Карл Гајгер, Андржеј Стекала, Давид Кубацки, Анже Ланишек и Јохан Андре Форфанг.
📸 Alexander Hassenstein/Bongarts/Getty Images



