Во рамките на синоќешната НБА програма, Денвер Нагетс триумфираа над Орландо Меџик со резултат од 99-110.
Претставниците на Колорадо поведоа уште на самиот почеток и ја држеа двоцифрената предност сè до крајот.
Најефикасен кошаркар од победничкиот состав беше Никола Јокиќ, кој на вториот натпревар во низа запиша трипл-дабл (28 поени, 15 скокови и 10 асистенции).
Од спротивната страна, со 31 поен, најпрецизен кај Орландо беше Еван Фурние.
Деветтата победа на последните единаесет средби му го донесе на Денвер (26-17) петтото место на Западот, додека Орландо (14-29) ја зазема претпоследната позиција на Истокот.
📸 Alex Menendez/Getty Images



