Сарагоса и Џејкоб Вајли направија еден чекор назад во реализација на планираните цели поврзани со учество на завршниот турнир во ФИБА Лигата на Шампионите. На првото гостување во ТОП 16 фазата, во Германија, останаа замрзнати на негатива од дури 41.поен.
Сарагоса загуби од Бросе Бамберг со неверојатни 76:117, а домашната екипа имаше неверојатна шутерска вечер во која испорача дури 21.тројка. Џејкоб Вајли беше еден од ретките во гостинската екипа со задоволителен настап.
Македонскиот репрезентативец реализираше 18.поени и два скока за 19:45 минути на теренот. По три одиграни меча, Сарагоса има ефект (2-1) во групата „Л“ од ова натпреварување.
Фото и извор: https://kfsm.mk/



