Во рамките на синоќешната НХЛ програма, Колорадо Аваланш убедливо ги поразија Минесота Вајлд со 6-0.
За екипата од Денвер, ова беше шеста победа во низа со која се искачија на второто место во Западната дивизија, оставајќи го денешниот ривал на третата позиција.
Имено, Аваланш забележа два погодоци во првата, три во втората и еден во третата третина за да дојде до конечниот резултат.
Во листата на стрелците се запишаа шест различни хокеари, односно Кејл Макар, Габриел Ландеског, Мико Рантанен, Тајсон Јост, Девон Тјус и Валери Ничушкин.
Освен нив, важна улога имаше и голманот Филип Грубауер, кој освен петтиот овосезонски шут-аут и 31/31 одбранети шутеви, додаде и една асистенција.
📸 Michael Martin/NHLI via Getty Images



