Саботната вечерна програма на НХЛ ја отвори дуелот помеѓу Њу Џерси Девилс и Питсбург Пенгуинс во рамките на Источната дивизија.
Имено, Питсбург со новата победа од 1-3 ја прекина својата мини-серија од два порази и го задржа третото место на табелата.
Од друга страна, Девилс, без оглед на резултатот, останаа на претпоследното место.
Сепак, на вчерашната пресметка, домашниот состав се здоби со водство во првата третина, откако Кајл Палмиери го совлада Кејси ДеСмит за 1-0.
Во вториот дел, Питсбург направи целосен пресврт со головите на Зек Естон-Рис и на Брајан Раст, а во третиот период, Џејк Гинцел го постави конечниот резултат.
📸 Andy Marlin/NHLI via Getty Images



