Екипата на Атланта Хокс се наоѓа во неверојатна серија од осум победи во низа.
Токму последната од нив се случи синоќа, кога ,,Јастребите” ја прекинаа низата од четири триумфи на ЛА Лејкерс, откако славеа со 94-99.
После првото полувреме, актуелните шампиони имаа предност од 53-52, но клучен период од мечот беше третиот квартал, кој Хокс го добија со 12-22.
Најефикасен играч на мечот беше Џон Колинс (Атланта) со дабл-дабл учинок од 27 поени и од 16 скокови.
Од неговите соиграчи, Данило Галинари додаде 18 кошеви, а Тре Јанг запиша уште еден дабл-дабл од 14 поени и од 11 асистенции.
Од противничките редови, најдобар беше Монтрезл Херел со учинок од 23 поени, од 11 скокови и од 1 асистенција.
Огромен проблем за претставниците на Калифорнија беше повредата на ЛеБрон Џејмс, кој беше приморан да го напушти теренот.
На табелата на Западот, Лејкерс (28-14) го држат третото место, додека Хокс (22-20) се четврти на Истокот.
📸 Michael Owens/Getty Images



