Со синоќешниот триумф од 2-1 над Њујорк Ренџерс, Вашингтон Капиталс ја продолжија позитивната серија на седум победи во низа.
Имено, Ренџерс поведоа во првата третина со осмиот овосезонски погодок на Артеми Панарин.
Капиталс беа на прагот на прекинување на низата, но во последните седум минути, Александер Овечкин двапати го совлада противничкиот голман Александар Георгиев.
На овој начин, Капиталс останаа на врвот на Источната конференција, додека Ренџерс ја заземаат шестата позиција.
📸 Patrick McDermott/NHLI via Getty Images



