Орландо Меџик синоќа приредија позитивно изненадување, откако ги совладаа Бруклин Нетс со 121-113.
Во поголемиот дел од мечот, претставниците на Флорида имаа резултатска предност што најмногу порасна во третата четвртина.
Бруклин беше ослабнат во овој дуел, бидејќи не се појавија на теренот Кевин Дурент и Блејк Грифин.
Сепак, најефикасниот играч на натпреварот дојде од редовите на Нетс, а тоа беше Кајри Ирвинг со 43 поени.
Кај Орландо, дабл-дабл од 22 поени и од 14 скокови имаше Никола Вучевиќ, а попрецизни од него беа Еван Фурние и Арон Гордон со 31, односно со 38 кошеви.
На табелата на Истокот, Бруклин (28-14) го држи второто место, а Орландо (14-27) е претпоследен и подобар само од Детроит Пистонс.
📸 Julio Aguilar/Getty Images



