Во првиот денешен меч, во рамките на второто коло од НРЛ, Њукасл Најтс ги поразија Нов Зеланд Вориорс со 16-20.
На полувремето, Њукасл имаше предност од 6-8 што во првите десет минути од вториот дел порасна на 6-14.
Кон средината на вториот период, во интервал од десет минути, Вориорс направија пресврт, но со есеј во завршницата, гостите успеаја да дојдат до триумфот.
Имено, полагања за номиналните домаќини постигнаа Бен Мурдох-Масила (30′), Адам Помпи (57′) и Кен Маумало (67′), а Коди Никорима погоди 2/3 конверзии.
Од друга страна, Митчел Берет погоди 3/3 конверзии и 1/1 пенал, а есеи забележаа Џејден Брејли и Хајмел Хант (48′, 74′).
За Најтс, ова беше втора победа на исто толку пресметки, додека Нов Зеланд има учинок од 1-1.
📸 Ashley Feder/Getty Images



