Во првиот меч од 13. коло на австралиската А-Лига се соочија Вестерн Сиднеј Вондерерс и Перт Глори.
Како победник од меѓусебниот дуел излезе тимот од Сиднеј, кој славеше со 3-0.
Стрелци на головите беа Митчел Дјук (45+3′, 47′) и Џејмс Троиси (50′).
Вондерерс доминираа во текот на цел натпревар, а во првото полувреме им беа поништени два голови после гледање на ВАР.
За домаќините, ова беше трета победа во низа и прва над Перт после трите врзани порази, доволна за второто место на табелата.
Од друга страна, Глори се наоѓа на деветтото место, со три порази на последните четири средби.
📸 Ryan Pierse/Getty Images