Динамо Загреб приреди првокласна сензација со елиминацијата на Тотенхем, со победа во реваншот со 3:0 и ја наполни клупската каса со 12 милиони евра во историскиот настап во Европа Лигата за популарните ,,Модри” од ,,Максимир”.
Во најдобрата сезона во историјата на клубот во Европа Лигата, Динамо досега заработи 12 милиони евра, а ќе има шанса уште повеќе да ја дополни заработката во четвртфиналето што следува од Лига Европа.



