Динамо Загреб приреди првокласна сензација со победа од 3:0 и елиминација на Тотенхем во осминафиналето во Европа лигата, а покрај стрелецот на трите погодоци, Мислав Оршиќ јунак беше и голманот Доминик Ливаковиќ, но и сите играчи што настапија во двомечот со англискиот гигант.
Доминик Ливаковиќ во 116. минута со рефлексна интервенција на гол линијата спаси чист гол по ударот на Хари Кејн и се претвори во јунак на натпреварот. Во прилог и видео:



