Во четвртиот дуел од интернационалната Т20 серија, Индија ја порази Англија и израмни на вкупни 2-2.
Имено, Азијците денес беа подобри со резултат од 185/8 (20) – 177/8 (20).
Во првиот ининг, од англиските фрлачи доминираше само Џофра Арчер, кој имаше учинок од 4-33.
Од индиските удирачи, со 57 поени од 31 топка, најефикасен беше Сурјакумар Јадав.
Во вториот период, по два викети за Индија освоија Хардик Пандја (2-16) и Рахул Чахар (2-35), а најдобар беше Шардул Такур (3-42).
Од противничките редови, најмногу поени постигнаа Бен Стоукс (46) и Џејсон Рој (40).
Петтиот, односно решавачкиот меч од серијата е закажан за сабота со почеток во 14.30 часот.
📸 Surjeet Yadav/Getty Images



