Авангард Омск не успеа да ја искористи предноста од домашен терен на првиот меч од четврт-финалната серија против Металург Магнитогорск.
Имено, второпласираната екипа после регуларната сезона денес беше поразена од ,,Лисиците” со убедливи 2-5.
Во првите две третини, Металург двапати водеше, а Авангард двапати израмнуваше за 2-2 после четириесет минути игра.
Стрелци за домаќините беа Рид Бушер и Јегор Чинахов, додека за гостите, во овој интервал погодија Филип Холм и Тејлор Бек.
Во третиот дел, конечната победа на Магнитогорск му ја донесоа Семјон Кошелев, Сергеј Мозјакин и Андреј Нестрашил.
📸 Twitter: ХК Авангард