Актуелните шампиони, Ричмонд Тигерс, ја отворија 125. АФЛ сезона, со триумфот во првиот меч над Карлтон Блус од 105-80, пред вкупно 49 218 гледачи на ,,Мелбурн Крикет Граунд”.
Иако ,,Тигрите” важеа за огромни фаворити, Карлтон покажа дека може да конкурира за најнапреднат тим во однос на минатата година.
Имено, Карлтон водеше во поголемиот дел на првото полувреме, имајќи дури и +12 во втората четвртина.
Сепак, на паузата, со предност замина актуелниот шампион, кој водеше со (8.5) 53-42 (6.6).
Во вториот период, Блус потполно се вратија резултатски, но со серијата од 21-0 во последните десет минути, Ричмонд успеа да триумфира.
Најефикасен играч на мечот беше Џек Риволдт, кој беше одговорен за 26 поени (4.2) на Ричмонд.
Од редовите на поразениот состав, по два гола забија три играчи, односно Хари МекКеј (2.3), Оскар МекДоналд (2.1) и Мајкл Гибсон (2.0).
📸 Darrian Traynor/Getty Images



