Екипата на Парамата Илс, по вторпат во првите две кола од новата НРЛ сезона, успеа да триумфира со есеј во завршницата.
Имено, денес ,,Јагулите” беа подобри од актуелните шампиони, Мелбурн Сторм, со резултат од 16-12.
Есеите на мечот беа постигнати на наизменичен начин, со тоа што пред да биде запишано победоносното поентирање, Парамата двапати водеше, а Мелбурн двапати израмнуваше.
Поентери за поразениот состав беа Реимис Смит (36′) и Џастин Олам (73′), односно Рајан Папенхајзен со двете конверзии.
Кај Парамата, топката во противничката енд-зона двапати ја внесе Маика Сиво (20′, 76′), кој беше најзаслужен за триумфот на својата екипа.
Освен репрезентативецот на Фиџи, со есеј поентираше Џуниор Пауло (66′), а Митчел Мосес погоди две од трите конверзии.
📸 Cameron Spencer/Getty Images