За првпат после 2013 година, брзинските дисциплини на финалето на Светскиот куп беа откажани поради неповолните временски услови.
Имено, по вчерашниот спуст, денес не беа одржани ниту последните трки во супервелеслалом, закажани во Ленцерхајде, Швајцарија.
Кај дамите, по третпат во кариерата, мал кристален глобус во оваа дисциплина освои Лара Гут-Бехрами, која победи на четири од вкупните шест трки и доби 525 поени.
Позади неа се пласираа Федерика Брињоне (323) и Корин Сутер (310).
Во машка конкуренција, како крал на супервелеслалом, по третпат, се покажа Винсент Крихмајер, кој собра 401 поен.
На втората позиција се пласираше и второпласираниот во генералниот поредок, Марко Одермат (318), а како трет заврши Матијас Мајер (276).
Од целата ситуација ,,профитираа” водечките во вкупниот пласман, Петра Влхова и Алексис Пантуро, кои, со оглед на тоа што се специјалисти за техничките дисциплини, имаат изгледни шанси за освојување на кристалниот глобус.
📸 Christophe Pallot/Agence Zoom/Getty Images



