Куп Америка е натпреварување што се одржува на секои четири години и во кое силите ги вкрстуваат две репрезентации во едрење. Станува збор за најстарото интернационално натпреварување, кое датира уште од 1851 година.
Имено, бранителот на титулата се натпреварува со предизвикувачот, кој претходно мора да ги помине квалификациите.
Во овогодинешното издание, во Оукленд, Нов Зеланд, се соочија Нов Зеланд и Италија, односно „Емирејтс Тим Њу Зеланд“ и „Луна Роса Прада Пирели“.
Накрај, до победата дојде домашната селекција, којашто славеше со вкупни 7-3. Италија успеа да освои три од првите пет трки, но претставниците на Океанија победија на наредните пет и стигнаа до потребната цифра.
Во квалификациите, европската селекција ги елиминираше САД (4-0) и Англија (1-7), додека Нов Зеланд како шамппион избори пласман и на наредното издание во 2025.
📸 Phil Walter/Getty Images