За првпат после 21 ноември 2015, Њујорк Никс триумфираа на гостински терен против Оклахома Сити Тандер.
Имено, Никс синоќа ја прекинаа мини-серијата од две победи на Тандер со убедливата победа од 97-119.
Сè до крајот на третата четвртина, резултатот беше неизвесен, а во последниот квартал, Никс беа подобри со 31-19.
Од победничкиот состав, најефикасен беше Ар Џеј Берет со 32 поени, а Џулиус Рендл постигна трипл-дабл од 26 поени, од 12 скокови и од 12 асистенции.
Кај Оклахома, Доминиканецот Ал Хорфорд беше најпрецизен со 16 кошеви.
Во Западната конференција, Тандер (16-22) се дванаесетти, додека Њујорк (20-19) ја држи шестата позиција на Истокот.
📸 Zach Beeker/NBAE via Getty Images



