Барселона во рамките на Ендеса лигата се соочи со тимот на Сарагоса чиј член од неодамна е натурализираниот македонец, Џејкоб Вајли и ја оправда фаворитската улога совладувајќи го ривалот со резултат од 107:88 во ,,Блауграна”.
Силното крило на нашиот национален тим ја заврши средбата со 14. реализации и три скока за 27:36 минути на теренот. За тимот од Сарагоса ова беше 25. меч во сезоната на „Ендеса“ лигата и 15. пораз со кој се одалечија уште повеќе од осмата позиција, последната која води во плеј-офот.