На денешната програма од Светскиот куп во биатлон веа последните индивидуални трки во Нове Место, Чешка, кои всушност беа потери, основани на последните спринтови.
Кај мажите, по шести пат во кариерата славеше победникот на спринтот- Квентин Фијо Маје (28:46,7).
На подиумот, на Французинот друштво му правеа Јоханес Тингнес Бо (+8,0) и Емилиен Жакелан (+14,6), а во топ 5 се пласираа Стурла Холм Лагреид (+18,1) и Лукас Хофер (23,4).
Во женска конкуренција најбрза беше Тирил Екоф (27:13,6), која славеше по дванаесетти пат сезонава, односно по четврти пат во низа.
Второто место ѝ припадна на Ѕинара Алимбекава (+34,6), која со 20/20 погодени мети го освои третиот овосезонски подиум.
Битката за трето место беше највозбудлива, а во неа, Франциска Пројс (+40,2) ги порази Марте Олсбу Роиселанд (+41,6) и Доротеа Вирер (+46,0).
📸 Andreas Schaad/AP/SIPA



