Во финалето на 36. издание на англискиот ЕФЛ Трофи, кое требаше да се одигра минатата година (2019/20), се соочија третолигашот Портсмут и четвртолигашот Салфорд.
Имено, по два часа игра, резултатот гласеше 0-0, а на пеналите, Салфорд дојде до победата од 4-2.
Откако овој клуб е во сопственост на поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед, бележи неверојатни резултати.
Пред само две години за првпат во историјата заигра во професионалниот фудбал, а денес го освои и првиот професионален трофеј.
Салфорд доминираше во поголемиот дел од мечот, а од белата точка, прецизни беа Лук Бурџес, Емануел Дисерув, Томас-Асанте Брендон и Џејсон Лоу.
Што се однесува до противничките играчи, гол дадоа Ли Браун и Шон Регет, а промашија Рајан Вилијамс и Ронан Куртис.
Портсмут беше бранител на титулата, кој во 2018/19 го освои ова натпреварување за првпат во својата историја.
Од друга страна, Салфорд ќе биде шампион само еден ден бидејќи утре, Сандерленд и Транмер ќе го одиграат овосезонското финале.
📸 Bryn Lennon/Getty Images