Дербито на дното во Западната дивизија помеѓу Анахајм Дакс и Сан Хозе Шаркс заврши со убедлива победа на Сан Хозе од 0-6.
Двете калифорниски екипи ги заземаа последните две места во споменатата дивизија, а после денешниот дуел само ги променија позициите.
Во првата и во втората третина, Шаркс постигнаа по еден погодок, а стрелци беа Томаш Хертл и Евандер Кејн.
Во третиот период, ,,Ајкулите” четири пати ја затресоа противничката мрежа, а во листата на стрелците се запишаа Ерик Карлсон, Тимо Мајер, Кевин Лабенк и Фредрик Хандемарк.
Што се однесува до голманската позиција, со 34/34 одбранети удари, Деван Дубник го запиша својот прв овосезонски шут-аут.
📸 Debora Robinson/NHLI via Getty Images



