Актуелните шампиони, Мелбурн Сторм и полуфиналистите од минатата година, Саут Сиднеј Рабитохс, денес ја отворија 114. сезона на НРЛ.
Прваците ја оправдаа фаворитската улога, откако ги совладаа ривалите од Сиднеј со резултат од 26-18.
Според играта, Мелбурн навидум ја реши пресметката уште во првото полувреме, после кое водеше со 22-6, благодарение на серијата од 22-0.
Сепак, Рабитохс внесоа доза на неизвесност во вторите четириесет минути со серијата од 12-4.
Есеи од домашниот состав запишаа Камерон Манстер, Џастин Олам и Рајан Папенхајзен, додека од редовите на Саут Сиднеј, со полагање поентираа Алекс Џонстон (х2) и Латрел Митчел.
Од шутевите на Сторм, Папенхајзен имаше 3/4 конверзии, односно 2/2 пенали, додека кај ,,Зелените”, капитенот Адам Рејнолдс беше стопроцентен со 3/3 конвертирани есеи.
📸 Robert Cianflone/Getty Images



