Заостанатиот натпревар од 25. коло на англискиот Чемпионшип, помеѓу Блекбурн и Свонси, беше одигран денес на ,,Ивуд Парк”.
Имено, двете екипи го отворија денешниот фудбалски ден во Британија со своето реми од 1-1.
Во 37. минута, по вторпат во низа, за Блекбурн погоди повратникот Бредли Дак, кој речиси една година отсуствуваше поради повреда.
Само четири минути подоцна, конечниот резултат го постави Андре Ају од пенал.
За ганскиот интернационалец, ова беше четврти гол од пенал на последните четири средби во втората англиска лига.
Со освоениот поен, Свонси остана на третата, а Блекбурн скокна на четиринаесеттата позиција на табелата.
📸 Twitter: Swansea City AFC



