Локомотив Јарослављ избори пласман во четврт-финалето на КХЛ, откако го совлада Јокерит со вкупни 4-0 во првата фаза од плејофот.
Отежнувачка околност за Јокерит беше неможноста за играње во Хелсинки поради рестриктивните мерки, така што сите четири пресметки се одвиваа во Јарослављ.
Денес, хокеарите од Русија славеа над финските претставници со убедливи 1-4.
Во првата третина, за Локомотив погоди Алексеј Марченко, а во наредниот период, двете екипи погодија по еднаш за резултат од 1-2 после четириесет минути игра.
Најпрво за Јокерит израмни Јонатан Пудас, а предноста на Локомотив му ја врати Теему Пулкинен.
Во третиот дел, победничкиот состав само го завери својот триумф благодарение на Андре Петерсон и на Владимир Ткачјов.
Во четврт-финалето, Јарослављ ќе игра против ЦСКА Москва, која со ист резултат од 4-0 го доби градскиот ривал Спартак.
📸 Twitter: Helsingin Jokerit