Јубилејното 140. дерби на Солун помеѓу ПАОК и Арис се одигра денес во рамките на 25. коло од грчката Супер Лига.
Двете екипи ремизираа со 2-2 што претставува нивно 50. меѓусебно реми.
Арис водеше со 0-2 сè до завршницата, со головите на Факундо Бертољо (26′) и на џокерот од клупата – Димитриос Манос (69′).
Во текот на целото второ полувреме, ПАОК константно напаѓаше и се обидуваше да ја затресе мрежата на Закари Бушер, а тоа му појде од рака во 87. минута со голот на Сверир Инги Ингасон.
Во судиското продолжение, односно во 94. минута, ,,Црно-белите” дојдоа до посакуваното реми, откако Виеириња беше прецизен од белата точка.
По овој меч, ситуацијата на табелата остана иста, односно Арис ја зазема втората, а ПАОК – третата позиција.
📸 Twitter: PAOK FC



