Дваесеттото коло од австриската Бундеслига беше затворено со дербито на Виена помеѓу Австрија и Рапид.
Имено, денес беше одиграно 332. дерби во историјата, кое по 75. пат заврши со реми, односно со 0-0.
Австрија и Рапид ремизираа по третпат во низа, иако денес ,,Зелените” потполно ги надиграа номиналните домаќини на ,,Џенерали Арена”.
Со новиот бод, Австрија остана на осмото место, додека Рапид ја зазема втората позиција со пет бодови негатива во однос на првопласираниот Салцбург.
📸 Johann Schwarz/SEPA.Media /Getty Images