Шестото издание на Гибралтар Опен, односно дванаесеттиот овосезонски снукер турнир, беше одржан во текот на изминатиот викенд.
Поради рестрикциите, наместо во Гибралтар, турнирот за првпат се одвиваше во Милтон Кинс, Англија.
Промената на локацијата не го спречи светскиот играч број еден, Џад Трамп, да ја одбрани титулата освоена минатата година.
Имено, во финалето, Англичанецот го совлада својот сонародник, Џек Лисовски, со убедливи 4-0.
На патот до најважната пресметка, Трамп ги елиминираше Роби Вилијамс (4-1), Суни Акани (4-1), Роберт Милкинс (4-0), Александер Урзенбахер (4-0), Марк Ален (4-0) и Метју Селт (4-1).
Од друга страна, Лисовски, за да дојде до финалето, ги порази Фарах Аџаиб (4-1), Џек Џонс (4-1), Фрејзер Патрик (4-2), Ентони Хамилтон (4-1), Лу Нинг (4-3) и Стјуарт Керингтон (4-3).
📸 George Wood/Getty Images