Во текот на денешниот ден, во Јасна, Словачка, се одржа шестата овосезонска трка во слалом во рамките на Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција.
На неа, до третата овосезонска победа дојде Американката Микаела Шифрин (1:44,28), која беше втора после првата серија.
Првопласираната после првото скијање, а воедно и миленичката на домашната публика, Петра Влхова, не успеа да ја одбрани предноста и да слави на свое тло, но сепак избори солидно второ место (+0,34).
На најниското скалило на пиедесталот се искачи Венди Холденер (+0,52), која беше и последна скијачка со заостаток под една секунда.
Во продолжение, пласманот во првите десет го комплетираа: Катарина Линсбергер (+1,42), Мишел Гизин (+2,24), Ана Буцик (+3,07), Мартина Петерлини (+3,32), Мартина Дубовска (+3,54), Андреја Слокар (+3,55) и Лоренс Ст. Жермен (+3,59).
📸 Alain Grosclaude/Agence Zoom/Getty Images



